Медицински Претставници

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Нашиот клиент, интернационална фармацевтска компанија, присутна во сите главни терапевтски области која развива, произведува и продава готови дозирани лекови, вработува :

Медицински Претставници – реон:
Скопје;
Штип и Струмица;
Прилеп, Битола и Охрид

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Остварување на зададените цели на својот терен;
  • Ефективно промовирање на портфолиото за кое е одговорен;
  • Редовни контакти и посета на лекари и фармацевти;
  • Учество и поддршка на промотивни активности на својот терен;
  • Следење на активностите на конкуренцијата;
  • Поднесување на редовни извештаи за своето работење;
  • Ефективна комуникација со колегите и тимска соработка;
  • Градење на деловни релации со нови клиенти и водење грижа за веќе постоечките клиенти;
  • Активно учество и придонес во развојот на компанијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршен Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет;
  • Работно искуство на иста или слична позиција;
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Познавање на MS Office пакетот и интернет пребарувачите;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Добри комуникациски вештини;
  • Проактивност и ориентираност кон остварување на цели;
  • Подготвеност за службени патувања;
  • Способност за тимска работа.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Клиентот нуди можност за континуирано учење и професионално надоградување.

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Крајниот рок за аплицирање е : 28/12/2020

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »