Референт за прием на странки

(преземи го огласот како PDF)

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13 и 187/13, 113/14,20/2015, 33/2015, 72/2015; 129/2015 и 27/2016), Стопанската комора на Македонија, објавува

О Г Л А С

за вработување на референт за прием на странки во Службата за оперативни работи во рамките на Дирекцијата на други форми на организирање и работење при Комората во Стручната служба на Стопанската комора на Македонија

Стопанската комора на Македонија има потреба од вработување на определено време (три месеци), со можност за постојано вработување, на еден извршител на работно место - референт за прием на странки, во Службата за оперативни работи во рамките на Дирекцијата на други форми на организирање и работење при Комората во Стручната служба на Стопанската комора на Македонија.

Опис на работни задачи:

  • Писмена евиденција за движењата на странки во објектот на Стопанската комора на Македонија;

  • Упатување на странките до соодветните простории за одржување на состаноци во Комората;

  • Врши увид во камерите - во реално време;

  • Прави обиколка и ја контролира исправноста на електричната и водоводната инсталација и парното греење во зградата на Комората и во случај на неисправност на истите веднаш пријавува до непосредниот раководител и надлежните служби.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • завршено средно образование III / IV степен;

  • познавање англиски јазик;

  • познавање на работа со компјутери (Microsoft Outlook, Microsoft Word, Microsoft Excel);

  • комуникативна, одговорна, совесна и доверлива личност.

    Работното време е 40 часа неделно, во две смени од понеделник до петок.

    Основна месечна нето плата изнесува 17.423,00 денари.

    Кандидатите треба во прилог на апликацијата да достават кратка биографија и мотивационо писмо, копија од диплома за завршено средно образование, копија од сертификат за познавање англиски јазик и сертификат за познавање на работа на компјутери, на следната адреса:

    Стопанска комора на Македонија

    ул. Димитрие Чуповски бр. 13 - Скопје

    или

    наведените документи во скенирана форма на следната е - адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

    Контакт: Ана Стерјовска , тел: 02/ 3 244 037.

    Рокот за пријавување до 08.06.2018 година.

    Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување.

    Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

    На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »