За компанијата: СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија...
повеќе за компанијата »РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА во Скопје
Потребни квалификации:
- Минимум ССС;
- Поседување вештини на продажба
- Пожелно, но не е неопходно претходно работно искуство со продажба во некои од овие области: ИТ, ТВ, Бела Техника, Мали кујнски апарати, Aудио и Видео;
- Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, Интернет пребарувачи;
- Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;
- Способност за комуникација со купувачот
- Способност за тимска работа
Нашиот референт за продажба:
- Добро ги познава производите, постојано ги следи најновите трендови во индустријата
- Знае да ги открие потребите на купувачите
- Придонесува за неповторливо купувачко искуство
- Ги решава проблемите на клиентите и знае да се справи со различни типови на купувачи
- Се грижи за тимот и со колегите заеднички се стремат кон поуспешна продажба во салонот
Ние нудиме:
- Тимска работа и менторирање од колега со долгогодишно искуство
- Работа во две смени, 40 часа неделно
- Со распоредот на смените секој втор викенд е слободен
- Основна плата и таргети кои зависат од искуството и успешноста во продажба
- Обуки за напредок и усовршување на продажни вештини
- Обуки од врвни производители на техника
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) - ЗАДОЛЖИТЕЛНО со слика не постара од 6 месеци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »