Координатор во Производство

За компанијата: Охрид Органикс е компанија за медицински канабис со мисија да го подобри квалитетот на животот на поединците кои се соочуваат со здравствени предизвици. Нашиот најсовремен капацитет за одгледување се наоѓа... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 4 месеци
  • Охрид Органикс
  • Активен до 10.09.2024
  • Позиција: Оператор во производство/машина
  • Локација: Охрид
  • Веб: ohridorganics.com

Координатор во Производство

Работни задачи и одговорности:

  • Следење на системот за производство преку одржување на документи во системот, вклучувајќи: барања, налози, работни упатства, записи, обрасци, стандардни оперативни постапки, протоколи итн;
  • Контрола и следење на документација поврзана со ин-процес контрола во производство;
  • Работа со аналитички инструменти и опрема за процесирање;
  • Изведува и надгледува фази во технолошкиот процес на фармацевтско производтсво;
  • Активно учество во процесот на земање на примероци;
  • Планира суровини и материјални ресурси за производство.

Потребни квалификации:

  • ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација/хемија);
  • Потребно е соодветно работно искуство во полето на производтво (фазно производство, готови фармацевтски форми, примарна и секундарна амбалажа);
  • Солидно познавање и работење со аналитички инструменти и лабораториска опрема;
  • Солидно познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Познавање на англиски јазик (писмена и усна комуникација);
  • Способност за самостојна работа, развиени аналитични способности, внимание на детали, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники.

 

Услови кои ги нудиме:

Организиран превоз од Компанијата;

Обезбедено сместување од Компанијата за вработени од други градови;

Воведни обуки за вработените согласно GMP и GACP стандард, како и друг тип на интерни и екстерни обуки;

 

При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција проследен со интервјуа.

      Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »