Стручни Соработници за продажба / Сервисер

За компанијата: Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА ДОО Скопје (ELTA 90 Molecular Medicine) дел од ЕЛТА 90 групацијата, присутна на пазарот во Македонија од Април 2015 година е една од водечките компании во делот... повеќе за компанијата »

ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА, компанија  дел од ELTA 90  балканската групација која е присутна повеќе од 20 години на Балканот, и застапник за голем број компании  за производство на опрема и производи од повеќе области на медицината меѓу кои и светскиот лидер во генетското секвенционирање ILLUMIINA има потреба од 

 1- Стручен Соработник  за Продажба од областа на Молекуларната Биологија

 1- Стручен Соработник  за Продажба 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  •  Позиција Стручен Соработник Високо образование  -  (Молекуларна Биологија, Медицина, Фармација, Биохемија, Стоматологија или Технолошки факултет)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа со компјутери
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одлични комуникациски и организациски способности
  • Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост.
  • Висока мотивираност, проактивност и желба за надградба во полето на работа.

Одговорности:

  • Организирање и координација на предпродажни и продажни активности
  • Развој на пазарот и одржување на контакти со веќе постоечки клиенти
  • Преговарање, договарање и склучување на договори и продажби со клиенти
  • Анализа на потребите и потенцијалите на пазарот и превземање соодветни активности на терен.
  • Континуирана обука во земјата и странство од областа на полето на работа од интерес.
  • Придржување и исполнување на зададените цели, согласно стратегијата на компанијата

 

1- Сервисер за работа со апарати и инструменти  од областа на Медицина

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Позиција Сервис  Високо Образование ( Машински или Електро факултет )
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на работа со компјутери
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Способност за работа под притисок и во динамично опкружување
  • Ефикасност и организираност
  • Флексибилност
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето       
  • Одговорна, посветена и мотивирана личност со желба за надградба во полето на работа.

 

Одговорности:

  • Задолжен за сите сервиси и монтажи во рамките на компанијата
  • Соработка и координација со останатите колеги од  продажба 
  • Комуникација со клиентите и организација на сервис 
  • Статус извештај/Налог за извршен сервис монтажа
  • Контрола на исправноста на опремата и нејзина комплетна функционалност 
  • Навремено отстранување на дефекти како и превземање на превентивни мерки за навремено спречување на поголеми дефекти.
  • Континуирани обуки во земјата и странство

Ние како компанија нудиме работа во позитивна, динамична и стимулативна средина, како и континуирани обуки и надградба.

Заинтересираните кандидати да ја достават својата CV (кратка биографија)  најдоцна до 25.10. 2019 на  e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »