Фронт Офис асистент

Престижна италијанска приватна здравствена установа - Еуроиталиа чиј примарен фокус на работа е европска грижа за вашето здравје - има потреба од проширување на својот тим на позиција -  административен работник со одлично познавање на Excel и Power Point. Идеалниот кандидат/ка  има претходно искуство во фирми од полето на медицината или здравствени установи и поседува универзитетска диплома. Главните работни задачи на идеалниот кандидат/ка  се фокусирани  на Front Office Managament-от, комуникација и финансиско работење.

  Опис на работно место:

  • Организирање и надгледување на сите административни активности на ниво на Фронт офис менаџментот,
  • Изготвување на месечни финансиски извештаи
  • Распоред, организација, закажување на состаноци
  • Деловна коресподенција ( деловна електронска пошта, телефон, комуникација со клиенти, фирми и соработници )
  • Организација на семинари и професионални обуки во Италија
  • Обработка на текстови, табеларни пресметки, компјутерски презентации, деловно-технички преводи од италијански јазик на македонски и обратно
  • Управување со датотеки и болнички софтвер
  • Одговорности поврзани со наплатната каса
  • Примање на повици, испраќање на факсови и контакт со фирми соработници

        Потребни квалификации и познавања: 

  • Универзитетска диплома во областа на економијата, или Филолошки факултет
  • Одлично познавање на италијански јазик ( усна и писмена комуникација, најмалку C1 ниво )
  • Одлични комуникациски вештини и мултитаскинг способности
  • Способност за организација и координирање
  • Одлично познавање на MS Office ( Excel, Word, Power Point )
  • Способност за справување со стресни и конфликтни ситуации
  • Љубезност, позитивност, доверливост и висока работна етика         
  • Предност ќе се даде на кандидатите со претходно искуство на иста или слична работна позиција ( мин. 2 год )                                   
    Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, Вашата кандидатура ( CV и мотивациско писмо ) треба да биде доставена на нашата е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна и заклучно со 30/05/2018 со назнака на апликацијата “За оглас административен работник”

Напомена - Апликациите без фотографија нема да бидат разгледувани.                                                          

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »