Референт за логистика-магационер/монтер

За компанијата: Fortis® е компанија која се занимава со производство, дистрибуција, проектирање и продажба на професионална опрема за ресторани, пекари и HoReCa секторот како и комплетни решенија за истата индустрија. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 4 месеци
  • Fortis
  • Активен до 06.09.2024
  • Позиција: Магационер
  • Локација: Куманово
  • Веб: fortis.mk

Fortis® е компанија која се занимава со производство, дистрибуција, проектирање и продажба на професионална опрема за ресторани, пекари и HoReCa секторот како и комплетни решенија за истата индустрија.

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:

Референт за логистика-магационер/монтер(2)

Потребни квалификации

  • ССС;
  • Не е потребно работно искуство,доколку поседува ќе се смета за предност
  • Познавање на механика, електроника или фриготехника се смета за предност
  • Возачка дозвола – мин. Б категорија

Профил на личност

  • Фокусираност кон работните обврски
  • Организираност и одговорност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Прецизност и точност
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Работење независно, со помал степен на директен надзор
  • Лојалност, доверливост, самоиницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под временски притисок
  • Способност за утврдување на причини за дефекти и предлагање на соодветни решенија

Работни задачи и одговорности

  • Манипулација, проверка, припрема, означување и пакување на опрема при прием или пред испорака во согласност со процедури и правилници пропишани од компанијата.
  • Константно надоградување на техничко и функционално знаење за опремата преку едукација и читање на упатства за користење и работа.
  • Квалитетно и експедитивно оддржување, дијагностика и проправка на дефекти на опрема во согласност со процедури и стандарди пропишани од компанијата со цел подигнување на ниво на квалитет на услуга.
  • Уредно пополнување и следење на пропратна документација пропишана од компанијата.
  • Комуникација и координација со Менаџер за логистика и сервис во врска со резервни делови или технички прашања во врска со опремата.
  • Одржување на чисти и уредени работни простории за обезбедување функционална и безбедна работна средина.
  • Други работни задачи според налог на претпоставен менаџер.

Работни услови и бенефиции

  • Одлична работна атмосфера
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
  • Солидна плата плус бонуси
  • Неограничени можности за лично и професионално надоградување преку континуирани обуки, семинари.

Доколку имате желба да се приклучите кон нашиот тим и сметате дека ќе бидете вистински кандидат за оваа работна позиција, испратете CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов „Референт за логистика“.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »