Политички Аналитичар

За компанијата: Pikasa is a data analytics company specialized in development and implementation of tools, software and machine learning algorithms to help its partners learn the media environment and make informed decisions. Pikasa... повеќе за компанијата »

PIKASA ANALYTICS (https://pikasa.ai), водечка компанија во регионот, специјализирана за аналитика и мониторинг на медиумите, како и развој на алатки за анализа на социјалните медиуми, објавува оглас за:

 ПОЛИТИЧКИ АНАЛИТИЧАР

Потребни вештини и квалификации:

  • Високо образование од областа на политички и комуниколошки науки, правни науки, социолошки науки, студии по новинарство, економски науки и останати сродни науки
  • Минимум 5 години искуство во областа
  • Аналитички и истражувачки способности
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одговорност и професионалност во извршувањето на работните задачи
  • Иницијативност, флексибилност и енергичност
  • Тимски дух
  • Искуство со софтверски алатки

Предност ќе имаат кандидатите кои:

  • Имаат искуство со користење на квалитативни и квантитативни истражувачки методи;
  • Имаат познавање на политичките состојби во Република Северна Македонија и регионот;
  • Имаат стекнато вештини и знаење преку домашни и меѓународни семинари и обуки

Главни Задачи:

  • Анализа на дадени податоци и параметри
  • Соработка и комуникација со сите членови од тимот
  • Изготвување на дневни, неделни и месечни извештаи
  • Поддршка на корпоративниот развој

Ние нудиме:

  • Oдлични месечни примања
  • Канцеларија со локација во центарот на градот
  • Пријатна работна атмосфера

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака ПОЛИТИЧКИ АНАЛИТИЧАР.

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »