Координатор за односи со општини и институции во РМ

Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија  и има потреба од вработување на 1 (едно) лице, динамично и мотивирано да работи во мултидисциплинарна и мултинационална работна средина за пополнување на позицијата:

Координатор за односи со општини и институции во РМ

Со задачи да врши подготовка на документација, архивирање и нејзино поднесување до сите надлежни институции, со цел да се реализираат инвестициите на Друштвото (обезбедување на одобренија за изградби на нови топловоди, реконструкции и санација на дефекти, како и друга потребна документација за реализирање на изградбата на новите вреловоди, реконструкциите и санирањето на дефектите кои ќе ги изведува Друштвото), како и комуникација со сите надлежни институции за реализирање на планираните проекти.

Критериуми за избор:

  • Степен на образование 7,1 ВСС
  • Вработување на определено време од 6 месеци со можност за  продолжување на неопределено време
  • Работно искуство минимум 2 (две ) години
  • Возачка дозвола ,,Б,, категорија
  • Работно време 40 часови неделно
  • Работникот ќе работи 08:00-16:00
  • Основна плата: 29 000
  • Избор по пат на тестирање

 

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија, а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:

Електронски:

Message to:          [најави се за да го видиш е-маилот]

Subject:                 Пријава: За работно место Координатор за односи со општини и институции во РМ

 

По пошта:

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,

Ул. „Лондонска“ бр. 8   , 1000 Скопје

Пријава: за работно место Координатор за односи со општини и институции во РМ

 

Рокот за пријавување е 7 работни дена од денот на објавување.Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати - 45  дена, до 500 – 90 дена и над 500 – 120 дена, по изминување на рокот за пријава. Сите пријави кои ќе пристигнат по наведениот рок  нема да бидат земени во предвид. Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514026.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »