Референт за финансии

ТЕХНОКЛИМА - Скопје постои 21 година на пазарот и неуморно ги следи крупните чекори во областа на климатизацијата и вентилацијата, застапувајќи светски брендови. Со своето долгогодишно постоење Техноклима денес резултира со зголемен број на вработени и голем број задоволни клиенти преку успешно завршена работа на објекти од различен карактер.

ТЕХНОКЛИМА поради проширување на обемот за работа објавува оглас за вработување за следното работно место:

РЕФЕРЕНТ ЗА ФИНАНСИИ

Потребни квалификации:

  • ССС или ВСС 
  • Претходно работно искуство од иста област ќе се смета за предност,
  • Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, Power point),
  • Познавање на англиски јазик.

Одговорности и задачи:

  • Изработка на фактури, книжење на влезни и излезни фактури,
  • Сложување на аналитички картички со коминтенти,
  • Наплата на побарувања од купувачи,
  • Архивирање на сметководствена документација,
  • Вршење на плаќања;
  • Подготовка на финансиски извештаи согласно потребата на претпријатието;
  • Комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка на документи за нив;
  • Извршување на сите останати задачи од областа на сметководството и финансиите.

Испратете го Вашето CV на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »