
За компанијата: СБДМК ДОО е фирма која веќе 27 години успешно работи во Р. Македонија. Ние сме увозници, дистрибутери и сервисери на брендовите DeWALT, Black&Decker, Stanley, Irwin, Knipex, Annovi Reverberi и Awelco во...
повеќе за компанијата »- Објавен на 6.2020
- СБДМК ДООЕЛ
- Активен до 25.06.2020
- Позиција: Персонал во продавница/Касиер
- Локација: Скопје
- Веб: www.sbd.mk
- Facebook: линк
ПРОДАВАЧ ВО МАЛОПРОДАЖБА
Доколку барате динамична работа со директен контакт со клиенти, размислувате креативно и сакате да остварувате резултати, СБДМК ви нуди одлична можност да ги покажете и развиете вашите продажни способности. Како дел од StanleyBlackandDecker корпорацијата, нашата компанија е генерален застапник за брендовите BLACK+DECKER, DeWALT, STANLEY и IRWIN. Се стремиме да ги пренесеме светските стандарди во услугата и поддршката кон нашите клиенти но и кон нашите вработени. Со големо задоволство го очекуваме новиот член во нашиот тим.
Работни задачи и одговорности:
- Изработка на план за продажни и маркетинг активности.
- Изработка на понуди и фактури и учество во сите продажни активности на компанјата.
- Услужување на клиенти во продавницата.
- Организирање на нарачки и пратки од веб и онлајн продажба.
- Работа со готовина и кредитни картици.
- Комуникација на социјални медиуми.
- Одржување на асортиманот и цените во продажниот салон.
- Логистичка помош во сервис и магацин.
- Администрација поврзана со позицијата и обврските.
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование IV степен
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Познавање од областа на електричен и рачен алат ќе се смета за предност
- Задолжително практично познавање на MS Office пакетот
- Задолжително познавање на Англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија
Дополнителни информации:
- Кандидатите кои ги исполнуваат условите, своите професионални биографии CV, можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака ( Продавач во малопродажба ).
- Крајниот рок за аплицирање е 28/06/2020 година.
- Ве молиме без телефонски јавувања.
- Вработувањето е на неопределено време со три месечен пробен период. Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »