Оператор за прием на рекламации

Друштвото за сервисирање и одржување на електронски уреди за широка потрошувачка СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, распишува оглас за вработување на:

 

Оператор за прием на рекламации

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • ССС/ВСС
  • Поседување на одлични вербални способности и вештини на ефективна комуникација со клиенти
  • Претходно работно искуство и познавање на апарати за домаќинство ќе се смета за предност
  • Добро познавање на англиски јазик ( усно и писмено ) 
  • Познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на работа во MS Office
  • Аналитичност, објективност, тимски работник
  • Систематичност, организираност, иницијативност

 

Одговорност и работни задачи:

  • Прием на клиенти и производи поради рекламација
  • Пружање телефонска помош и помагање на клиентите во однос на ракувањето и проблемите кои клиентите ги имаат со уредот кој се рекламира
  • Основна проверка на рекламираниот производ за да се утврди правилната инсталација и приклучување на истиот
  • Отварање, проследување и контрола на сервисни налози се до нивно конечно решавање
  • Комуникација и контрола на Овластените сервисни центри со цел подобрување на квалитетот и намалување на времетраењето на извршувањето на услугите
  • Пратење на трендовите на проблемите со производите и соодветна реакција кај сите поврзани субјекти
  • Подготвување на тековни и периодични извештаи

 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука
  • Работно време: 40 часа неделно

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија на:

[најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Оператор за прием на рекламации". Огласот е активен до 15.07.2018 година

 

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV ( име и презиме на апликантот ) 
  • Назнака за позицијата за која се алпицира

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »