HR & Recruitment Manager

  • Објавен на 8.2019
  • AITONIX
  • Активен до 17.08.2019
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +38923246225
  • Веб: www.aitonix.mk
  • Facebook: aitonix

AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди.

Моментално сме во потрага по високо мотивиран HR & Recruitment Manager.

Како HR & Recruitment Manager, вие ќе ги управувате процесите поврзани со човечки ресурси, како што се внатрешно и надворешно регрутирање, спроведување на интервјуа, комуникација и селекција на најсоодветни кандидати за вработување.

Потребни квалификации:

  • Високо образование во областа на управување со човечки ресурси, социјални студии или слично
  • Претходно работно искуство во областа на човечки ресурси ќе се смета за предност
  • Претходно искуство во регрутирање ќе се смета за предност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Одличен англиски јазик
  • Организираност, способност за работа со минимален надзор и придржување кон рокови

Работни обврски:

  • Водење на целосниот процес на регрутирање: мониторинг, селекција, интервју за работа, комуникација со кандидатите
  • Идентификување на можностите, активно истражување на пазарот и откривање на таленти во соодветната стручна област
  • Анализа и комуникација со вработените со цел зголемување на нивната мотивација и поуспешно завршување на работните обврски и нивниот личен развој

Ние ви нудиме:

  • Работа во динамична и развојна средина
  • Плата во согласност со дејноста и природата на работата
  • Можност за развивање и континуирано персонално усовршување

Доколку сте во потрага по професионален предизвик и мотивирани кон успех испратете го вашето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Само потесно селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »