За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Овластен сметководител
Потребни квалификации:
- Најмалку 5 години работно искуство во сметководство и финасии;
- Уверение за Овластен сметководител;
- Одлично познавање на финансиско и материјално сметководствено работење;
- Способност за самостојно водење на комплетно сметководство;
- Одлично познавање на MS Office и сметководствени програми ;
- Организациски и комуникациски вештини и способност за одредување приоритет;
- Аналитички вештини и способност за ефективно решавање на проблеми;
- Ориентираност на детали со силно акцентирање на Точноста и Конзистентноста;
- Позитивен пристап, љубезност и учтивост.
Одговорности и задачи:
- Сметководствено евидентирање и контрола на влезни и излезни документи;
- Евидентирање на денарски и девизни изводи;
- Подготовка и евидентирање на компензации и цесии;
- Сложување на аналитички картици со комитенти;
- Анализа на бруто биланси;
- Исплата на плата, патни трошоци, боледувања;
- Доставување на сите потребни поднесоци и извештаи до УЈП, ЦРМ, НБРМ и други институции;
- Подготовка на Е-ПДД и сметководствено евидентирање на пресметките по основ на договори;
- Изработка на завршна сметкa;
- Се грижи за точноста на прегледот на основните средства и ситниот инвентар (ревалоризација и амортизација);
- Изготвува пресметка на данокот за додадена вредност согласно ЗДДВ;
- Комуникација со клиенти и државни институции;
- Водење грижа и контролинг за навремено и точно водење на Благајна.
Нудиме:
- Опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
- Систем на наградување на успешните вработени;
- Плата 45 000 денари;
- Пријателска работна атмосфера;
- Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација.
Доколку соодвествувате со опишаниот профил за работната позиција и ги исполнувате сите (или поголемиот дел) од горенаведените точки Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Овластен сметководител.
Слични огласи »