Координатор на магацин

За компанијата: MY:TIME е компанија со семејна традиција од 1920-та година за продажба, дистрибуција и сервисирање на високо квалитетни часовници и накит. Нашите брендови на часовници и накит се застапени во 15 продажни... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 1.2018
  • MY:TIME
  • Активен до 24.01.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.mytime.mk
  • Facebook: mytimemk

Најголемиот ланец на малопродажни салони за брендирани часовници и накит во Македонија – MY:TIME има потреба од: 

 

Координатор на магацин


Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • Високо образование, 
  • Возачка дозвола, Б категорија,
  • Високо познавање на Англиски јазик,
  • Способност за организација и координација на тим,
  • Способност за планирање,
  • Напредно познавање на работа со компјутер, куцање и документација,
  • Познавање на алатките на Microsoft Office,
  • Способност за работа со луксузни и нежни производи кои се волуменозно мали и бараат внимание при работата,
  • Претходно искуство во работа со магацински документи ќе се смета за предност.

 

Одговорностите на Координаторот на магацин опфаќаат:

  • Одржување на магацинот во уредна и чиста состојба,
  • Прием на роба,
  • Влез/Излез на роба,
  • Изготвување шифри и декларации за производите,
  • Изготвување на книговодствени документи,
  • Администрирање на попис,
  • Работа со луксузни и нежни производи кои се волуменозно мали и бараат внимание при работата.
  • Производите на MY:TIME опфаќаат рачни часовници, накит, пенкала и приврзоци кои бараат внимателно ракување.

 

Работни услови:

  • Работно време:  понеделник до петок, 09:00 – 17:00ч.

 

Доколку сте чесна, културна и трудољубива личност која е подготвена да одговори на секојдневните предизвици на магацинското работење, аплицирајте на овој оглас на следниот маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]  


Ќе бидат исконтактирани единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен избор. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »