Новомак ДООЕЛ лого

Продажен персонал - изработка на кројни шеми

За компанијата: Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »

Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - ИЗРАБОТКА НА КРОЈНИ ШЕМИ

Одговорности:

  • Изработка на кројни шеми за мебел според димензии
  • Подготовка и внес на соодветна техничка и материјална документација
  • Комуникација со клиенти и презентација на можностите за обработка (кроење, кантирање, CNC)
  • Учество во планирање на обработката, координација со производниот процес
  • Консултации со производствено-техничкиот тим за оптимизација на производството

Потребни квалификации:

  • Завршено средно или високо образование од техничка насока (машинство, дрвна индустрија или слично)
  • Искуство со изработка на кројни шеми за мебел ќе се смета за предност
  • Познавање на CAD софтвер (AutoCAD, Corpus или слично)
  • Основно познавање на принципите на материјално водење во ERP софтвер
  • Комуникативност и способност за работа со клиенти
  • Самоиницијативност и одговорност

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РСМ.

Своето CV доставете го на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака "Продажен персонал - кројни шеми".

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »