Финансиски аналитичар

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

 

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

 

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

 

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Изготвување и проверување на месечни финансиски резултати и KPI;
  • Споредување на трошоци и приходи со буџетот и нивно предвидување и анализа на флуктуации;
  • Подобрување на финансиската состојба преку анализирање на резултатите, следење на варијациите, препознавање на трендови, советување на менаџментот за превземање акции;
  • Определување на оперативните трошоци и одредување на цена за меѓукомпаниски трансфери;
  • Подготовка на квартални извештаи за работа;
  • Одржување на информациите за буџет и прогноза во сметководственипот систем;
  • Евалуирање на ефикасноста на профитот и трошоците во разни области;
  • Присуствување на состаноци за менаџментот,состаноци за планирање за информираност за операциите;
  • Развивање, одржување и распределување на ad-hoc известување и финансиски модели по потреба;
  • Советување за превземање на акции, евалуирање на податоци и правење на корпоративни анализи;
  • Известување до одделот за менаџирање на информацискиот систем (MIS) во главното седиште.

 

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • ВСС Економски факултет;
  • Напредно познавање на работа со компјутер и активно користење на Excel, Microsoft Power Point;
  • Познавање на Microsoft Power BI ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство во областа на сметководство и финансии најмалку 3 години;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Ориентираност кон рокови, добри аналитички способности, уредност и одговорност.

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни месечни примања
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот „отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »