Медицинска сестра во Скопје

Плата од 30.000 ден.

(преземи го огласот во Word)

Дом за стари лица – Арија, како нова приватна установа за вон семејна социјална заштита на стари лица, има потреба од проширување на својот тим професионалци во областа на социјалната заштита и згрижување на стари лица и објавува оглас за вработување на МЕДИЦИНСКА СЕСТРА во Скопје.

Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 55 години со висока или средна стручна спрема, со или без искуство во областа на социјалната заштита.

Краток опис на работните задачи и одговорности:

  • грижа за имиџот на компанијата
  • примена на стандардите за работа
  • градење и негување добри односи со пациентите
  • ориентираност кон препознавање на потребите на пациентите, корисниците на нега и нивните семејства
  • водење попис на аптека, лекови и медицински терапии
  • евиденција на документи
  • нега, грижа и посветеност кон пациените и нивната здравствена состојба
  • одржување на основна хигиена во просториите на домот

Потребни квалификации:

  • развиени комуникациски вештини и подготвеност за тимска работа
  • желба за понатамошно учење и развој
  • совесност, одговорност и самомотивираност
  •  флексибилност и способност за адаптација
  • самоиницијативност
  • трпеливост
  • способност за работа под притисок
  • завршено средно или високо образование во областа на медицината/лиценца за работа
  • општо познавање на MC Office програмите и интернет

Потребна документација:

  • CV не постаро од 6 месеци
  • пријавено образование во агенција за вработување
  • завршена средна медицинска школа/медицински факултет
  • лиценца за работа како медицинска сестра

Вие добивате:

  • пријателска и мотивирачка средина каде што вредностите и резултатите се на прво ниво.
  • можност за работа со професионален тим во областа на нега и социјална заштита на стари лица.
  • договор на определено време со можност за продолжување на неопределно време.

Предност ќе имаат апликанти со работно искуство во Дом за стари лица, медицински установи и болници.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши во просториите на Домот за стари лица – Арија.

Ве покануваме доколку имате интерес, го исполнувате опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 27.02.2024 година на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ве очекуваме,

Дом за стари лица – Арија - Скопје

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »