Асистент за дигитален маркетинг

За компанијата: Onyx Air, компанија со седиште во Њу Јорк, САД, е компанија што организира летови на приватни авиони за своите клиенти. Работиме со повеќе видови на компании, пр. туристички агенции, финансиски институции,... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 6 месеци
  • Onyx Air
  • Активен до 03.06.2024
  • Позиција: Маркетинг/ПР/Дигитал
  • Локација: Скопје
  • Веб: flyonyxair.com

Позиција: Асистент задолжен за дигитален маркетинг

Начин на работа: Работа од Дома

Опис:

Бараме мотивиран и енергичен поединец да се приклучи кон нашиот тим како асистент задолжен за дигитлен маркетинг. Ќе работите директно со сопственикот на компанијата, и ќе бидете одговорни за смислување, развој, и извршување на маркетинг стратегиите на компанијата. 

Во првата фаза ќе добивате директни задачи и насоки околу што и како треба да правите, а понатаму би имале повеќе автономија и флексибилност околу пристапот кон работата.

Понудата е на пола работно време (од прилика 4-5 часа дневно), со опција во блиска иднина да се продолжи на цел работен ден.

За Компанијата:

Onyx Air е компанија со седиште во Њу Јорк, САД, што организира летови на приватни авиони за своите клиенти. Работиме со повеќе видови на компании и клиенти од целиот свет. Се работи за нова, но многу брзо-растечка компанија, во интересна, гламурозна, но и многу профитабилна индустрија. Ова е уникатна можност да бидете дел од нова и енергична компанија што би ви овозможила значителен развој на кариерата. Повеќе информации може да најдете на нашата веб страна:  https://flyonyxair.com/

Одговорности:

  • Развој на општ маркетинг план/стратегија, во координација со сопственикот
  • Создавање на маркетинг содржини за објава на социјални канали (Facebook, LinkedIn, Instagram, TikTok, итн)
  • Одржување и развој на блог секција на веб страната
  • Организирање на платени маркетинг кампањи (Google Ads, Social Media Ads, PPC, итн)
  • Развој на SEO стратегии за веб страната
  • Развој на партнерства или други видови на меѓусебни соработки со компании и брендови
  • Дизајн на реклами, брошури, и друг вид на маркетинг материјали
  • Дополнителни административни задачи, по потреба

Потребни Квалификации:

  • Одлично познавање на англискиот јазик
  • Одлични вербални и комуникациски вештини
  • Претходно искуство со слични одговорности (горенаведени)
  • Познавање на SEO стратегии
  • Познавање на PPC стратегии
  • Основно познавање на графички дизајн
  • Основно познавање на Wordpress
  • Оптимистичен и енергичен карактер
  • Способност за адаптација со различни типови на карактери
  • Флексибилност и адаптабилност во работниот ден
  • Подготвеност на задачи надвор од описот на работата

Аплицирај:

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно ги поседувате потребните квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете кратка биографија опишувајќи зошто сметате дека сте добар кандидат заедно со вашето CV на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Маркетинг Асистент– Onyx Air

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Поврзани огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »