За компанијата: НЛБ Фондови е основана во 2008 година под името КД Фондови. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните...
повеќе за компанијата »Работни задачи:
- усогласување со законска и подзаконска регулатива
- имплементација, усогласување и следење на групациска регулатива
- подготовка на документи за потребите на состаноците на Одбор на директори и Собранието на акционери;
- комуницирање со државните органи;
- подготовка и проверка на договори;
- подготовка на интерни акти на Друштвото;
- следење на прописите и информирање за истите;
- правно советување на органите на управување и надзор;
- идентификување и следење на ризиците од неусогласеност на работењето со прописите;
- активности во врска со спречување перење пари и остварување на непосредни контакти со Управата за финансиско разузнавање;
- активности во врска со заштита на личните податоци на клиентите во фондовите и остварување на непосредни контакти со Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Услови:
- ВСС (високо образование) –правен факултет;
- Како предност ќе се смета претходно работно искуство поврзано со Законот за инвестициски фондови, Законот за хартии од вредност, Законот за заштита на лични податоци и Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам;
- Познавање на англиски јазик;
- Работно искуство од најмалку 3 години;
- Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси;
- Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок;
- Способност за разрешување на проблеми;
- Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот.
Нудиме:
- Динамична работа;
- Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
- Развој на кариерата низ соодветен тренинг.
- Професионализам
- Долгорочен фокус
- Извонредност
- Бидете дел од меѓу најголемите финансиски групации - Генерали
Работното време за оваа позиција е пон-пет 08:00-16:00.
Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за понатамошно продолжување на договорот.
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 08.08.2021 година.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју. Изборот на кандидатот ќе биде извршен во рок од 10 дена по завршување на огласот.
За сите останати прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност кое е во прилог на Огласо на следниот линк, или контактирајте го Офицерот за заштита на личните податоци на [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »