Маркетинг специјалист

За компанијата: Присутни сме во градежништвото повеќе од 80 години. Со своите системи нудиме модерни, квалитетни решенија за уредување на вашите градби. Со фантастичниот материјал, гипс, создаваме удобност во просториите за живеење и работа. Кнауф значи иновација и квалитет. повеќе за компанијата »

Оглас за Вработување @ КНАУФ дооел Скопје

За Кнауф:

Ние сме еден од водечките светски експерти за градежништво и иноватори во областа на современите системи за гипс плочи, изолација и градежни материјали. Без оглед на структурата или градежниот проект – Кнауф реализира – за и со своите клиенти. Кариера во Кнауф значи интересни и динамични работни места на локално и меѓународно ниво. Со повеќе од 300 производствени капацитети и продажни мрежи во над 90 држави, како и 40,000 вработени ширум светот, групацијата Кнауф е без сомнение глобален лидер на пазарите во Европа, САД, Јужна Америка, Русија, Азија, Африка и Австралија.

Ви нудиме можност за вработување како 

МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ

во Кнауф дооел Скопје

       Краток опис на работните задачи:

  • Креирање и спроведување на маркетинг стратегија и маркетинг активности, согласно целите на продажба
  • Предлагање канали за комуникација со разни целни групи
  • Одржување и предлози за подобрување на посетеноста на дигиталните комуникациски канали (веб страна и социјални медиуми)
  • План за објави на социјални медиуми
  • Осмислување и изработка на содржини за објави на разни комуникациски канали (самостојно или со надворешна агенција)
  • Спроведување и водење на кампањи преку дигитални медиуми
  • Обезбедување и организирање изработка на брошури, каталози и други промотивни материјали
  • Посетување и брендирање продажни места
  • Организација на настани и други компаниски манифестации
  • Соработка со агенции и партнери

     Потребни квалификации и вештини:

 

  • Високо образование
  • Минимум 3 години работно искуство во маркетинг
  • Одлично познавање на MS Office пакетот
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола од Б категорија
  • Одлични вештини за комуникација и пишување
  • Креативност, проактивност и ефикасност
  • Способност за работа во динамична работна средина
  • Желба за учење и напредок

     На кандидатите им нудиме:

  • Компетитивна плата
  • Програми и обуки за развој на кариера
  • Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија
  • Пријателска работна атмосфера
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа

Доколку сакате да работите во меѓународна компанија со можности за личен и професионален развој, Ве повикуваме да ја испратите Вашата професионална биографија (CV и мотивационо писмо) најдоцна до 17.05.2023. Кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои ќе достават комплетна документација ќе бидат повикани на интервју.

Со пријавување на објавениот оглас, ќе се смета дека се согласувате Кнауф дооел Скопје да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае, а по завршувањето на истиот, податоците може да се чуваат во базата на податоци на Кнауф дооел Скопје за регрутациски потреби согласно законските прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »