(преземи го огласот како слика)
Property One Real Estate and Development е иновативна агенција за недвижности, co-work хаб, конслатинг агенција и компанија која ќе ви помогне не само да го пронајдете вашиот идеален имот но и да го преуреди и опреми до фаза "клуч на рака". Ние ги превземаме "главоболките" на нашите клиенти и ги трансформираме во наше задоволство, а тоа е да ви ги надминеме очекувањата. Поради нашата континуирана експанзија имаме потреба да регрутираме еден кандидат, на работна позиција:
Менаџер за Дигитален Маркетинг
Потребни квалификации:
Средно или високо образование;
Познавање на MS Office и компјутерски програми;
Работно искуство повеќе од 3 години во дигитален маркетинг
со добро познавање на оптимизација и платени реклами;
Професионалност во користење на различни алатки за следење на реклами и аналитика (Google Analytics, Facebook Pixel, Voluum, Redtrack, Semrush) и други.
Задолжително добро познавање на англиски јазик;
Поседување на возачка дозвола Б категорија;
Одлични комуникациски вештини;
Искуство со менаџирање на социјални медиуми
и маркетинг стратегии;
Способност за самостојна и тимска работа;
Способност за следење на работни инструкции
и процедури за работа;
Флексибилност за работа и терен;
Работни обврски:
Испитување на пазарот и осмислување на маркетинг план;
Креирање на маркетинг активности и кампањи;
Комуникација со клиенти и управување со социјални мрежи;
Комуникација со клиенти во врска со направени нарачки;
Создавање, одржување и ажурирање база на податоци за потенцијални клиенти;
Планирање и управување со активностите на
социјалните мрежи;
Реализација на различни активности за промоција на услуги;
Компанијата нуди:
Редовни месечни примања;
Атрактивна и динамична работа;
Можност за надоградба на професионален план;
Одлични услови за работа;
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на: [најави се за да го видиш е-маилот]