Стручно лице за безбедност и здравје при работа

Р&С Сејфти Консалтинг е друштво кое работи во областа на безбедноста и здравјето при работа и заштита на животната средина, овластенo од Министерството за труд и социјална политика да врши стручни работи за БЗР. 

Компанијата има потреба од вработување на 3 стручни лица за безбедност и здравје при работа:
- едно лице на полно работно време на 40 работни часови во Скопје,
- едно лице на дополнително работно време од 10 работни часови од Стумичко-радовишкиот регион и
- едно лице на дополнително работно време од 10 работни часови од Битолско-прилепскиот регион.

Лицата треба да имаат завршено високо образование од областа на физиката, хемијата, хемиско-технолошките или електротехничките науки, како и положен испит за стручно лице за безбедност и здравје при работа.

Надоместокот за плата е по договор.

Сите заинтересирани можат да испратат кратка биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот]  или да не контактираат на +389 78 273 664.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »