Проектен/-на координатор/-ка

Конкурс за ангажирање проектен/-на координатор/-ка

ХЕРА објавува јавен оглас за вработување проектен/-на координатор/-ка, на определено време за периодот до 15 септември 2022 година.

Опис на работната позиција, задачи и услови:

Проектниот/-ната координатор/-ка ќе биде одговорен/-на за:

  • Поддршка/ координација на процесот за подготовка на студија (base line-end line) со податоци за бројот, опсегот и покриеност со услугите за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) на лицата во избрани региони од страна на семејните лекари;
  • Следење и координација на изготвен план за спроведенување на теренски посети и дистрибуција на информативен/ едукативен материјал за услуги за СРЗ кои ги даваат семејни лекари во избрани региони;
  • Координирање и поддршка на 4 ординации за давање на СРЗ услуги од страна на семејните лекари (согласно спроведено национално мапирање во изминатиот период);
  • Поддршка/ координација на работната група за услуги сексуално и репродуктивно здравје во примарна здравствена заштита;
  • Соработка со национален и меѓународен консултант за подготовка на Национален план за имплементација на услуги за сексуално и репродуктивно здравје од страна на семејни лекари и политика со предлог модалитети за плаќање на семејни лекари за давање на услуги за СРЗ;
  • Координација и поддршка на процес на евалуација на проектот за давање на СРЗ услуги од страна на семејни лекари;
  • Подготовка на документ за добри практики и научени лекции;
  • Координација и поддршка на подготовка на Прирачник за обука на гинеколози за медикаментозен абортус;
  • Организирање на обука за обучувачи нна гинеколози за медикаментозен абортус;
  • Организирање на обуки за јакнење на капацитети на гинеколози за нудење на услуги за медикаментозен абортус;
  • Учествува во координација со партнерските институции во проектни активности – Центар за семејна медицина и Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство;
  • Административните и логистичките аспекти во спроведувањето на активности;
  • Подготовка на извештаи за активностите, на програмата за сексуално и репродуктивно здравје и на стратегиските индикатори во согласност со потребите на донаторите и организацијата;
  • Активно учествува во средби, состаноци, мрежи и иницијативи од областа на сексуалното и репродуктивно здравје – со фокус на примарна здравствена заштита и пристап до безеден абортус, во претходна комуникација и координација со супервизорот.

Работниот ангажман е во период 1 јануари – 14 септември 2022, со 40 часа работно време неделно. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 58.000,00 денари бруто износ.

1.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Диплома за завршено високо образование;
  • Најмалку тригодишно работно искуство во раководење на проекти;
  • Напредни познавања на политики и програми од областа на сексуално и репродуктивно здравје со фокус на примарна здравствена заштита и пристап до безбеден абортус;
  • Изградени вештини за информатичка технологија;
  • Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик;
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
  • Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
  • Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
  • Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.

За предност ќе се смета:

  • Работно искуство во граѓанскиот сектор;
  • Работно искуство во координирање и спроведување на проекти со здравствени работници и соработници;
  • Искуство во процеси на јакнење на капацитетите и застапување за унапредување на здравствената заштита.

Заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  • детална биографија на македонски јазик,
  • писмо за мотивација на македонски јазик и
  • потврда/препорака од претходен работодавач за работно искуство.

Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/–ка на проект треба да се испратат елекнтронски на  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 23 декември 2021 година.

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот.

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »