Оператори за телефонска продажба

  • Објавен пред 3 месеци
  • Mellon Solutions
  • Активен до 16.04.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

 

Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:

 

Оператори за телефонска продажба

[реф. бр. 2019-008]

 

Профил на работната позиција:

  • Телефонска комуникација со постоечки и потенцијални клиенти преку излезни повици;
  • Активна телефонска продажба на производи и услуги на Македонски Телеком АД Скопје;
  • Обезбедување високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.

 

Профил на кандидатот:

  • Завршено минимум средно образование;
  • Основно познавање на MS Office;
  • Одлични комуникациски вештини, eлоквентност и дикција;
  • Искуство во продажба/телемаркетинг и грижа за корисници ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски и/или албански јазик ќе се смета за предност.

 

Услови:

  • Скратено работно време 20 часа неделно;
  • Право на бонус согласно постигнати резултати.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не изберат ниту еден кандидат.

 

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: jobs.mk@mellоngroup.com најдоцна 5 дена од објавувањето на огласот.

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

КЛИКНИ