Дистрибутер

ФАРМАГЕН увоз-извоз ДООЕЛ има потреба од дистрибутер.

 

Потребни квалификации:

  • Возачка дозвола (Б категорија) со минимум 5 години искуство.
  • Искуство во возење на комбе.
  • Познавање англиски јазик
  • Работа со компјутери, Microsoft Office целиот пакет, Adobe.
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.

 

Задолженија:

  • Лицето ќе биде одговорно за секојдневна дистрибуција на производи низ Скопје и низ РМ.
  • Лицето ќе биде одговорно за навремена и точна достава на производи низ Скопје и низ РМ.
  • Лицето ќе биде одговорно за планирање на дневната рута врз основа на дадените налози.
  • Лицето ќе биде одговорно за внимателна испорака на производите согласно температурниот режим на чување и транспорт на истите.
  • Лицето ќе биде одговорно за целосна документациска коресподенција помеѓу Фармаген и купувачите, во однос на дистрибуираната роба, тоа вклучува уредни документи, доставени и до двете засегнати страни.
  • Лицето ќе биде одговорно за грижа на исправност и хигиена на возилото.
  • Лицето ќе биде одговорно за водење евиденција за потрошено гориво во количина и средства платени за истото, за службените возила;
  • Лицето ќе биде одговорно за навремено пријавување и решавање на проблеми поврзани со исправноста на возилата.
  • Лицето ќе биде одговорно за слични работи по налог на претпоставен.
  • Лицето ќе биде активно вклучено во следење на месечните залихи на производите во магацин и ќе сигнализира за тесна залиха;

 

Очекувани способности:

  • Насоченост кон резултати.
  • Мотивираност и желба за работа.
  • Ориентирани кон решавање на потребите на купувачите.
  • Способност за индивидуална и работа во тим.

 

 

Работен однос: полно работно време во траење од 40 (четириесет) часа неделно.

Работно време: од 08.00 до 16.00h, од понеделник до петок.

 

!!! Вашето CV испратете го на следната e-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Апликација за оглас за дистрибутер – ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

!!! Само уредно испратените CV-ја ќе бидат земени во предвид.

!!! Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »