Службеник во книговодство - 1 (една) позиција

За компанијата: Дејности: ТРАНСПОРТ, ШПЕДИЦИЈА,СКЛАДИШТА И КАРГО повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

О     Г    Л     А    С

За прием на работници на определено работно време

       ЖАС ГРУПАЦИЈА ДОО Скопје со седиште на ул. Перо Наков бр.1, Гази Баба – Скопје, поради проширување на својот тим  има потреба од:

СЛУЖБЕНИК ВО КНИГОВОДСТВО - 1 (една) позиција

Потребни квалификации:

  • ССС пожелно е економски смер
  • Работно искуство од областа на сметководството и финансиите минимум 3 години ќе се смета за предност
  • Работа со компјутери (познавање на MS Office пакетот и работа со интернет)
  • Пожелно возачка дозвола Б категорија- ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик.

Способности и вештини:

  • Комуникативна, исполнителна, одговорна и лојална личност, способна за тимска и самостојна работа во динамична средина, со одлични организациски способности и спремност за работа под притисок и запазување на рокови.

Работни задачи:

  • Материјално работење;
  • Финансиско работење;
  • Изготвување и книжење на влезна и излезна финансиска документација;
  • Работа и комуникација со релевантни институции;
  • Останати сметководствени и финансови работи кои произлеуваат од дејноста.

Избраниот кандидат ќе заснова работен однос на 3 месеци, со можност за продолжување во зависност од прикажаните резултати во работењето.

Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок. Дневното работно време започнува во 08:00, а завршува во 16:00 часот.

Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.

       Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови својата кратка биографија (CV) да ја испратат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за работна позиција за која аплицираат, најдоцна до 08.09.2021 година. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид.

Сите податоци добиени преку апликациите ќе бидат користени доверливо и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »