За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Агенција Рејтинг вработува
Сениор ПР Менаџер!
Агенција Рејтинг има потреба од Сениор ПР менаџер со најмалку 5 години искуство во областа чија одговорност ќе биде создавање и одржување на позитивен јавен имиџ на клиентите на Агенцијата и нивна максимална застапеност во медиумите. Тоа подразбира осмислување на сите ПР стратегии и активности за клиентите, како и нивно спроведување од почеток до крај.
Потребно е кандидатот да има познавање и интерес за општествено-социјалните и политички случувања во земјата и светот, а пожелно е и искуство во работа со институции, меѓународни организации, невладин сектор. Неопходни се одлични способности за пишување, истражување и организирање. Кандидатот би бил во постојана комуникација со клиентите и сите вклучени во проектите, за што се потребни и одлични комуникациски вештини.
Одговорности:
- Развивање на комуникациски стратегии
- Развивање на комуникациски планови и координирање на сите ПР активности;
- Пишување материјали за различни комуникациски канали и обезбедување на пласмани во традиционални и онлајн медиуми (соопштенија, интервјуа, клучни пораки, прашања и одговори, ПР текстови, говори, концепти за ТВ гостувања, сценарија и сл.);
- Одговарање на новинарски прашања, организирање настапи и прес конференции;
- Постојано следење на медиумите и општествено-социјалните и политички случувања;
- Справување се негативен публицитет и итно реагирање во кризни ситуации;
- Секојдневна координација и комуникација со нашите клиенти;
- Комуникација со медиуми во име на клиентите;
- Организирање и спроведување на настани, кампањи и поврзани активности;
- Создавање на содржина за социјалните медиуми и развивање на стратегии за промоција на истата;
- Целосно водење на ПР проекти и кампањи;
- Брифирање на интерни или екстерни тимови за фото, видео продукција и дизајн;
- Навремено реализирање на сите задачи во дадените рокови;
Кандидатот треба:
- Да има завршено високо образование во областа на односи со јавноста, комуникациски науки или друго релеватно поле;
- Да има најмалку 5 години работно искуство како ПР менаџер или да работел на слична позиција;
- Претходно искуство во маркетинг или ПР агенција ќе се смета за предност;
- Да има добро познавање и будно да ги следи трендовите во политичката, социјалната и економската сфера;
- Да има искуство во спроведување на општествени, корпоративни, но и комерцијални кампањи;
- Да има познавање од целосна комуникациска индустрија, вклучително маркетинг, адвертајзинг, дигитална комуникација и сл.
- Да поседува одлични вештини за комуникација и пишување;
- Да има познавање од генералната медиумска слика во земјата, како и клучни претставници на медиумите;
- Да биде проактивна и организирана личност, способна да работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови;
- Да биде вешт со компјутери; задолжително познавање на Microsoft Office пакет;
- Да биде подготвен за индивидуална и тимска работа;
- Одлично да го познава англискиот јазик;
- Да има око за детали и аналитика;
Што нудиме:
Позицијата овозможува:
- Одлични услови, компетитивна плата и можност за напредок;
- Супер искусен тим;
- Можност за доквалификации и посета на обуки и семинари;
- Пријателска работна атмосфера;
- Флексибилно работно време;
- Можност да се соработува со истакнати клиенти и експерти од областа; можност за проширување на знаењето
За Агенција Рејтинг
Агенцијата Рејтинг е основана во 2007 г. со главна специјалност за односи со јавност и стратешки и корпоративни комуникации, кампањи за подигнување на јавната свест, како и истражување на јавното мислење и истражување на пазарот.
Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »