Адвокат или стручен соработник

Адвокат Миа Ношпал Чорак од Скопје има потреба од ангажирање лица за следните позиции:

Адвокат или стручен соработник со положен правосуден испит, со работно искуство по полагање на правосудниот испит, познавање на англиски јазик и пoседување на компјутерски знаења и вештини.

Кандидатите треба да имаат соодветно искуство или афинитети за напредување во адвокатската кариера, да бидат комуникативни, подготвени за тимска работа и прилагодени кон потребите на канцеларијата, клиентите и професијата.

Предност ќе имаат кандидати кои имаат познавања и искуство од областа на деловното право и/или јавните набавки.

Кандидатите треба да достават мотивационо писмо и кратка биографија на следната е - mail aдреса:

[најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »