Магационер - Скопје

За компанијата: Интернатионал Фреш Фоод ДОО е компанија со седиште во Скопје, формирана во 2018 година од домашни и странски инвеститори. Компанијата има за цел да започне со производство и дистрибуција на свежо пилешко... повеќе за компанијата »

International Fresh Food е компанија со седиште во Скопје, формирана во 2018 година од домашни и странски инвеститори. Компанијата врши производство и дистрибуција на свежо пилешко месо на домашниот пазар и пошироко. Визијата на Компанијата е преку изградба на сoпствени инкубаторски станици, фарми за бролјери, сопствена кланица и фабрика за производство на сточна храна да креира затворен круг на производство на свежо пилешко месо со врвен квалитет и пласирање до потрошувачите на најквалитетен 100% домашен производ. 

Позиција: Магационер

Работни задачи:

  • Прием на производи во магацинот;
  • Вршење евиденција на сите производи во магацинот;
  • Евидентирање на температурата во целиот магацин;
  • Управување со залиха на готов производ и генерирање на нарачки;
  • Вршење попис на магацинот;
  • Водење грижа и одржување на опремата во магацинот;
  • Почитување на ФИФО и ФЕФО стандардот;
  • Водење евиденција на влез и излез во и од магацин;
  • Подготовка на комплетна документација за влез и излез на роба.

Потребни квалификации:

  • Минимум Средна Стручна Спрема –ССС;
  • Искуство во областа на магацинско работење ќе се смета за предност;
  • Исполнителен, комуникативен, организиран и практичен;
  • Возачка дозвола Б-категорија;
  • Пожелно познавање на Албански јазик
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Способност за работа во тим, и ефикасно координирање на тим;
  • Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност;
  • Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работено на WMS систем.

 

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака “ЗА МАГАЦИОНЕР“ или преку полето „АПЛИЦИРАЈ

Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен најдоцна во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.

Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »