Референт за набавки и продажба

За компанијата: БРАКО ДОО е позната македонска компанија, лоцирана во Велес, која важи за лидер во метало-преработувачката индустрија. Од рестартирањето на компанијата во 2003 година, новиот менаџмент на компанијата... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • Брако ДОО
  • Активен до 02.07.2024
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Велес
  • Веб: www.brako.com.mk/
  • Facebook: brakomk
  • Instagram: brako.doo

📌ФАБРИКАТА БРАКО ОД ВЕЛЕС РАСПИШУВА ОГЛАС ЗА

РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ

Нудиме одлични услови за работа, многу добри лични примања, платен оброк и многу други поволности за вработените.

Апликација за работните места може да доставите и на [најави се за да го видиш е-маилот] , со наведување за кое од работните места аплицирате.

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА

БРАКО ДОО е позната македонска компанија, лоцирана во Велес, која важи за лидер во метало-преработувачката индустрија.

Од рестартирањето на компанијата во 2003 година, новиот менаџмент на компанијата е посветен на постојан раст и развој на компанијата со воведување на современи и модерни технологии во производството и иновативни методи за управување со процесите.

Денес во БРАКО функционираат 4 производствени погони во кои се произведуваат:

Најсовремени машини за одржување на хигиена во урбани средини од брендот Green Machines;

Автоматизирани машини за разни намени кои се испорачуваат на странски пазари и сите видови на метални конструкции;

Медицински помагала, опрема и мебел и

Повеќе видови на жичани производи

 

ℹРеферентот за набавки осигурува дека се обезбедуваат услуги и производи од добавувачи во согласност со договорените услови и критериуми.

✅Заинтересираните може да аплицираат на [најави се за да го видиш е-маилот] со доставување на лична биографија и мотивациско писмо или да се информираат на 075 402 786

 

🖊Работни задачи:

🟢Во соработка со проектниот менаџер планира активности за набавки;

🟢Го организира и спроведува процесот за набавки на материјали, основни средства, опрема и ситен инвентар - потрошен материјал (набавка, прием, евиденција на залиха, издавање на материјалите) во согласност со политиките на компанијата;

🟢Директно комуницира, преговара и договара со добавувачите (потенцијални, еднократно ангажирани и постојани добавувачи) со цел да обезбеди навремено спроведен процес за набавки и најповолна понуда во интерес на целите на проектот;

🟢Го следи процесот на набавка, ја следи континуираната комуникацијата и повратните информации за добавувачите и врши оценка на добавувачите;

🟢Ги подготвува пратките од увоз за увозно царинење во соработка со доделениот шпедитер и го следи и контролира целокупниот процес до пристигање на стоката во магацин.

🟢Ги следи трошоците поврзани со активностите и набавките и постојано бара можности за оптимизација на истите;

🟢Ја следи примената на процедурите на набавки и подготвува извештаи од истите;

 

‍🎓Потребно образование и способности:

🔵ВСС;

🔵Одлично познавање на MS Office пакетот ( Microsoft Excel);

🔵Познавање на говорен и пишан англиски јазик.

 

📌Предност ќе имаат кандидатите со:

👉Завршен Економски, Машински или Електро технички факултет;

👉Искуство во набавки и администрација во производствени компании;

👉Познавање и искуство со работа во ERP систем;

👉Познавање на царински процедури.

 

💻Вештини:

🟠Одлични преговарачки вештини;

🟠Одлични комуникациски вештини;

🟠Работа под притисок;

🟠Способност за самостојна и тимска работа;

🟠Посветеност, мотивираност, иницијативност;

🟠Тимска работа и кооперативност.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »