(преземи го огласот во Word)
Фарма Трејд има потреба од проширување на својот тим за следната работна позиција:
- Соработник за обезбедување квалитет - 1
Потребни квалификации
- Високо образование (завршен фармацевтски факултет ќе се смета за предност).
- Со или без работно искуство од областа обезбедување квалитет.
- Високо ниво на познавање на англиски јазик.
- Високо ниво на компјутерски вештини.
- Пожелно е поседување возачка дозвола Б категорија.
Потребни лични карактеристики
Стручни, одговорни, самоиницијативни, етични, аналитични, доверливи, лојални и тимски ориентирани.
Работни задачи
Учество во одржување на систем за квалитет (СОП, прирачници, упатства, записи и др.) во веледрогериско работење согласно интерни, локални и меѓународни прописи.
Работно време
Понеделник - петок, 08:00 - 16:00 часот.
Понуда
- Работа во непосредна и креативна атмосфера.
- Континуирана надградба на знаењето.
- Надоместок на плата согласно искуството и исполнителноста.
- Договор за работа на определено време со можност за продолжување.
Ве покануваме да ни испратите Ваша кратка биографија (CV) на македонски јазик со фотографија и писмо за мотивација на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 09.06.2022.
Ќе ни биде задоволство да Ве запознаеме.
Напомена
Ќе бидат повикани на интервју само кандидатите кои испратиле уредна апликација и кои соодветствуваат на бараните квалификации.
Сите апликации ќе се третираат со целосна доверливост.
Со аплицирањето се согласувате компанијата да ги обработува податоците од Вашата биографија за пополнување на оваа работна позиција, но, и за идни отворени позиции, освен доколку не наведете дека Вашата согласност се однесува исклучиво на тековниот оглас.