Адвокатски приправник и стручен соработник/адвокат

Адвокатска канцеларија Атанасовска  повеќе од 8 години активно работи на предмети од деловното право (трговско и трудово право), право на интелектуална сопственост и граѓанско право; а воедно посветено работи и на стручното оспособување на вработените и одржувањето на пријатна работна атмосфера при работењето.

Канцеларијата има отворена позиција за АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК и СТРУЧЕН СОРАБОТНИК/АДВОКАТ. 

Кандидатот приправник е потребно да ги има следните квалификации:

  • Завршен правен факултет прв циклус студии и/или и втор циклус студии од областа на правото;
  • Добро познавање на Microsoft Office апликациите; и
  • Добро познавање на англиски јазик;

Кандидатот стручен соработник или адвокат е потребно дополнително да има и:

  • Положен правосуден испит/Адвокатска лиценца; и
  • Работно искуство како стручен соработник/адвокат од најмалку 1 година.

Ве молиме Вашите лични апликации во форма на CV да ги испратите на [најави се за да го видиш е-маилот] и на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 10.04.2024 година.

Ви благодариме однапред за интересот!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »