Прехранбен технолог

Млекара Тетово е една од најсовремените фабрики за производство за млечни производи во Македонија. Со висок степен на автоматизација, и строго контролирани процесни услови нашиот производен процес и стандардизирани оперативни процедури имаат вградено повеќеслојни механизми на контрола со цел крајниот производ да го понуди најдобриот квалитет во Македонија и пошироко.

Поради зголемениот обем на работа бараме прехранбен технолог со технички познавања и искуство во млечната индустрија.

Работните обврски за ова работно место вклучуваат:

  • Развој на нови производи
  • Контрола на квалитет на суровина
  • Контрола на квалитет во производниот процес
  • Контрола на квалитет на крајниот производ
  • Обучување на вработени
  • Воспоставување на стандардни оперативни процедури
  • Планирање на производство
  • Следење на конкуренцијата и вкусовите на потрошувачите
  • Оптимизирање на состав на продукти
  • Следење на научна литература за развојот на индустријата

За ова работно место бараме кандидат со завршени додипломски студии на насоките прехранбена технологија и биотехнологија, ветеринарна медицина, хемија, биологија, аналитичка биохемија, нутриционизам или биохемија. Очекуваме да имате темелни познавања за составот на различни видови храна, за стабилноста на производите, и за методите за контрола на нивниот квалитет. Кандидатите кои имаат одлично познавање на англискиот јазик, искуство со менаџирање на проекти, кулинарски способности и возачка дозвола ќе имаат предност во процесот на селекција. За да аплицирате пратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]  благовремено ќе ве известиме дали ќе бидете поканети на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »