Супервизор на магацин - за излез на роба

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Финансов менаџер - Сервисер на фрижидери

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

објавува ОГЛАС за следната работна позиција:

Супервизор на магацин - за излез на роба

Датум на објава:

21 Септември 2021

Рок за пријавување до

28 Септември 2021

Број на оглас:

О-210921-ЛМ-СМ

Сектор:

Логистика

Локација:

Скопје

Работни задачи:

  • Утврдува распоред на работа на вработени во магацин и предлага мерки за поефикасно функционирање,
  • Се грижи за безбедност на роба и опрема во магацин и известува на неделно ниво за истото,
  • На дневно ниво се грижи за температура и хигиена во магацин и комбиња за достава,
  • Секојдневно примопредавање на документација за магацинско работење,
  • Дневно известува за разлики во сложување на магацинско и материјално работење,
  • Евиденција и анализа на работно време, учинок и поплаки од тимот,
  • Секојдневно контролира и известува за: хигиена во магацин, пикирани нарачки и грешки направени при пикирање, и презема акција за поправање на грешки,
  • други работи по налог на претпоставениот.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа, одлична комуникација, фокусираност,
  • Професионално однесување и организираност,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,

Потребно искуство:

  • минимум 1 година работа во магацин.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 06.00 до 14.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »