Рецепционер/ка

(преземи го огласот како слика)

Работни одговорности на Рецепционер во Ресорт Маврово:

- Ги пријавува и одјавува гостите во хотелот;

- Љубезно одговара на барањата на гостите во текот на нивниот престој;

- Изготвување извештаи и кореспонденција помеѓу сите сектори во хотелот;

- Прави резервации, одговара на телефонски повици и е-маил пораки;

- Работи со наплата на добра и хотелски услуги;

- Други одговорности соодветни на работното место Рецепционер.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

- Ориентиран кон задоволство на гостите;

- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;

- Лојалност и чесност;

- Проактивна, вредна и енергична личност;

- Одговорност и посветеност кон работата,

- Високо ниво на комуникациски вештини;

- Тимски играч и колегијалност;

- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;

- Желба за личен раст и развој.

Потребни квалификации:

- Претходно искуство како Рецепционер од мин. 2 години;

- Познавање на англиски јазик (говор и пишување). Познавање на албански или друг јазик се смета за предност;

- Минимум ССС (високо образование се смета за предност);

- Вештини за работа на компјутер;

- Работа во три смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

- Сместување и 3 оброци;

- Платени трошоци за превоз;

- 8 слободни денови во месецот;

- Можност за користење на теретана и спа центар;

- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;

- Бесплатна карта за жичарница;

- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.

Локација: Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете Рецепционер.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 30.06.2022

Disclaimer:

- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;

- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;

- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;

- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »