Правник и Референт за книговодство

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на

 

1) Правник во Правна служба

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување на активности од правен аспект од значење за компанијата. Се грижи за усогласеност на компанијата со Законот за заштита на лични податоци и извршува работни задачи за изработка на документи и усогласување на интерните акти кои се однесуваат на ЗЛП. Учествува во изготвување на сите видови договори со цел да се заштитат интересите на компанијата. Составува и поднесува предлози, барања и други правни акти за потребите на компанијата пред нотарите, извршителите и другите надлежни органи. Подготовка на материјали за седници на Одбор на директори и Собранието на акционери на компанијата. Следење на законските прописи поврзани со работењето на сите сектори во компанијата. Основната нето плата за работното место е од 31.000 до 36.700 денари. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот.

 

Квалификации на кандидатот

• Правен факултет, со 240 ЕКТС (положен правосуден испит ќе се смета за предност)

• Работно искуство во деловно право повеќе од 3 години

• Познавања и работно искуство во доменот на заштита на лични податоци

• Одлично познавање на англиски јазик

• Одлични познавања на Microsoft office апликациите

 

2) Референт за книговодство (замена за породилно отсуство на вработен)

Избраниот кандидат ќе извршува работни задачи во Службата за локално сметководство како сметководител односно водење на финансово сметководство, водење на материјално сметководство, работа со сметководствени програми, како и анализа на трошоци, и други анализи на барање на претпоставениот. Кандидатот треба да има изразени аналитички способности и прецизност во работењето. Работното време е 40 часа неделно и од 08:00 – 16:00 дневно. Основната нето плата за работното место е од 24.000 – 27.000 денари.

Квалификации:

• ССС/IV степен образование eкономско училиште/ гимназија

• Работно искуство од најмалку 2 години во вршење на сметководствени работи со познавање на законската регулатива, и применливите сметководствени стандарди

• Одлично познавање на МS Office

• Познавање на англискиот јазик

Конкурентски предности за двете позиции:

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо на англиски јазик

2. Биографија (CV) на англиски јазик

3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата

на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »