За компанијата: СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија...
повеќе за компанијата »Поради потреба од нов кадар во Скопје, СЕТЕК СЕ ОД ТЕХНИКА распишува конкурс за работа:
ОФИС МЕНАЏЕР
Ви нудиме вработување и можност за професионална надградба,
напредување и пријатна работна атмосфера
Ве покануваме да станете дел на нашиот тим.
Локација: Ул. 1523 БР. 1, Горно Лисиче, Дирекција на СЕТЕК Се од Техника ДОО
Потребни квалификации:
- ВСС/ССС
- Предходно работно искуство како администратор е задолжително
- Познавање на принципи на административно работење
- Работно користење на компјутер – MS office
- Одлично познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола - Б категорија
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски способности
- Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено
- Мотивирана и стабилна личност
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа, насмеана, снаодлива, комуникативна со голем праг на толеранција и способност да се снајде во разни ситуации
Одговорности и задачи:
- Одговарање на телефонски повици и нивно пренасочување
- Организација и водење на дигитална архива
- Организација и водење на дневна пошта (примање, архивирање, распределба)
- Закажување на состаноци
- Пречек и послужување на гости
Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да го достават своето CV на е-пошта [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов на огласот “офис менаџер”.
Слични огласи »