Стручен соработник за маркетинг и продажба

За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира... повеќе за компанијата »

За нашиот клиент, Фармахем – реномирана компанија во областа на трговија со лабораториска опрема, инструменти и еколошки консалтинг, бараме самоиницијативна личност во секторот за дијагностика и лекови за позицијата

 

                                                           Стручен соработник за маркетинг и продажба

 

Квалификации:

  • Завршено високо образование: ПМФ (биохемија, хемија, биологија) или Фармацевтски факултет со солидни познавања од областа на биохемија
  • Одлично познавање на англиски јазик и работа со компјутер (Microsoft Office и Internet)
  • Претходно работно искуство и стручни знаења од областа биохемија и искуство во деловна коресподенција е предност
  • Способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, желба за учење нови работи, висока организираност, прецизност, логика и аналитичност во размислувањето
  • Тимска работа со колегите во секторот и заедничко креирање на работата, правење заеднички планови за посети, активности, настани, промоции и др.
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач

 

Одговорности:

  • Комуникација и посети на клиенти заради промоција на производите кои компанијата ги застапува
  • Организација на процес на продажба за клиентите со кои компанијата соработува, што вклучува : планирање на залиха, следење на залиха и нарачки
  • Подготовка на годишни и месечни планови, како и анализи за остварувањата според тие планови
  • Учество во анализа на нови програми кои се комплементарни со постоечките со цел проширување на работата во рамките на секторот
  • Изработка на понуди за клиентите, следење на реализацијата на набавките и навремено отпочнување нови

 

Доколку сте заинтересирани за динамична работа, со можности за учење и напредок, Ве молиме испратете ја вашата биографија, со назнака за позицијата најдоцна до 30.11.2018.

 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат контактирани.

 

                                                                         E-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

                                                                                                 www.hill.mk

 

                                                                  Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје

                                                                                       тел/факс: 02/3296-481

 

Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве молиме наведете го тоа во мејлот.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »