Сенсор доо Скопје, компанија која работи на проекти во областа на слабо струјни инсталации и автоматика, има отворена позиција за електричар/техничар во оддедот за автоматика и БМС.
Карактеристики на кандидатот:
- Со или без работно искуство во автоматика
- Основни познавања од електрика или термотехника
- Желба и мотивација за учење
- Способност за работа во тим
- Одговорност и проактивност
Работни задачи:
- Шемирање на командни табли согласно дадена шема
- Поврзување на опрема во поле (сензори, актуатори)
- Монтажа на опрема во поле
Што нудиме ние:
- Динамична работна атмосфера
- Можност за персонален развој и напредување во областа на автоматика и електрика
- Можност за посета на обуки за програмирање на PLC контролери и конфигурација на SCADA системи
- Можност за посета на општи обуки за технички развој
Сите заинтересирани кандидати можат да испратат свое CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Апликација за позицијата Електричар/Техничар во оддел за автоматика и БМС"
Слични огласи »