
Плата од 24.000 ден. до 27.500 ден.
(преземи го огласот како слика)

Фирма која повеќе од 27 години работи во областа на трговската дејност бара мотивиран кандидат /ка за позиција асистент на продажба/ комерцијалист. Нашата примарна дејност е увоз и продажба на производи за широка потрошувачка. Увозот на производите е од земји од ЕУ и од соседните земји. Природата на работната позиција нуди можности за личен развој и професионално напредување.
Работните обврски вклучуваат:
- Комуникација, продажба и дистрибуција на производи до постоечки клиенти,
- Односно сервисирање и одржување на веќе воспоставена долгогодишна соработка.
- Работната недела е од понеделник до петок, работното време изнесува 8 часа со вклучена пауза,
- Со почеток од 8:00-8:30 до 16:00-16:30 часот.
Локацијата на седиштето/ канцелариите на фирмата, односно на вработувањето е во населбата Хром. На избраниот кандидат ќе му бидат обезбедени и ќе ги има на располагање сите потребни услови за непречено и професионално извршување на работните задачи.
Кандидатите треба да имаат:
- Завршено минимум средно образование.
- Треба да поседуваат добри комуникациски способности и вештини.
- Познавање на работа со компјутери во MS Office и internet exploreri е задолжително.
- Поседување на возачка дозвола Б категорија е услов за вработувањето.
- Познавањето на Англиски јазик може да биде предност.
- Добродојдени се да аплицираат кандидати со и без работно искуство.
Заинтересираните кандидати треба да испратат мотивационо писмо и работна биографија (CV) на електронската адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Кандидатите кои имаат препораки од претходни работодавачи пожелно е да ги вклучат во апликацијата.