Специјалист за регрутација на кадар - Скопје

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Трговското друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737) распишува оглас за вработување на

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГРУТАЦИЈА НА КАДАР

Со место на вршење на работните задачи во Скопје – 1 позиција

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ВСС;
  • Минимум 2 години работно искуство во струката;
  • Добри комуникациски вештини, доверливост и високо ниво на самодоверба;
  • Аналитичност, објективност, тимски работник;
  • Систематичност, организираност, иницијативност;
  • Искуство со буџетирање и следење на буџет за трошоци за вработени
  • Одлично познавање на работа со MS Office;
  • Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено);
  • Одлично познавање на Законот за работни односи.

Одговорности и работни задачи:

  • Пронаоѓање на кадар со соодветна комбинација на искуство, образование и вештини со цел пополнување на одредена позиција
  • Дефинирање на потребите за регрутација преку проучување на организациските цели и организирање на состаноци со надлежните раководители.
  • Дефинирање на потребни квалификации преку утврдување на потребите од работното место заедно со надлежните раководители
  • Управување со огласувањето на работни места (интерни, социјални медиуми, агенции) и обезбедување на повратна информација до кандидатите кои аплицирале за одредена позиција
  • Селекција на кандидати преку организирање на интервјуа, проверка на референци и различни типови на тестирања
  • Управување со администацијата поврзана со целокупниот процес на регрутација
  • Идентификување на извори на таленти преку одржување на односи со професионалци и мрежи на професионалци од индустријата, образовни институции, агенции за вработување
  • Претставување на работодавачот на јавни настани како саеми за вработување
  • Изработка на извештаи поврзани со процесот на регрутација и носење на одлуки врз база на анализа на податоците
  • Учество во изработка на процедури поврзани со работните активности
  • Управување со систематизацијата на работните места   
  • Учество во унапредување на атрактивноста на работодавачот преку предложување нови политики и практики и нагласување на бенефити и можности за развој
  • Управување со процесот на воведување на работно место преку координација со одговорното лице за обука и развој и надлежните раководители

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа од понеделник до петок (08:00h-16:00h)
  • Неделното работно време е 40 часа;

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Специјалист за регрутација на кадар“.
Огласот е активен до 20.09.2017 година.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »