Брокер за недвижности

За компанијата: Агенција за недвижности ДОМ ДИЗАЈН со нејзината поставеност и изградена репутација од своето основање 1993 година до денес, бележи континуиран подем и се наметнува како водечка компанија во нашиот регион, во процесот на промет со недвижности повеќе за компанијата »

За да понудиме професионално комплетна услуга на нашите клиенти, имаме потреба од уште едно адекватно лице, на работно место

 

БРОКЕР ЗА НЕДВИЖНОСТИ

(1 извршител)

 

Опис на работно место и одговорности:

·         Креирање на дата база на активни недвижнини

·         Континуирано следење и истражување на пазарот, следeње на нови инвеститори

·         Воспоставување на позитивни професионални релации со клиенти

·         Склучување на посреднички договори со заинтересирани клиенти, преговарање и советување за услови на пазарот

·         Познавање на законски регулативи за успешно спроведување и затвoрање на продажба

·         Организирање и евалуација на активности

·         Ажурирање на податоци и изготвување на извештаи

 

Потребни квалификации:

·         Најмалку ССС - завршено средно образование

·         Претходно искуство во продажба/ наем на недвижнини ќе се смета за предност

·         Познавање на работа со компјутери и MS Office пакет

·         Познавање на англиски јазик

·         Возачка дозвола Б - категорија / активен возач

 

Личен профил:

·         Позитивен ментален став

·         Одлични комуникациски и преговарачки способности

·         Динамичност и креативност 

·         Организираност и самоиницијативност 

·         Претставителност, професионален однос кон клиентите

·         Насоченост кон остварување на резултати

·         Желба за континуиран професионален напред

 

  Ние нудиме:

·         Комплетна програма, обука за прилагодување и вовед во работата

·         Можност за професионален развој

·         Динамична и пријатна работна атмосфера

·         Основен надомест + процент од реализација

·         Бонуси и награди

 

Доколку сакате да станете дел од тимот на нашиот стручен кадар, пратете ваша биографија и мотивационо писмо на е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака “оглас за Брокер за недвижнини“. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »