Агент за продажба во Охрид

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • Алма - М ДООЕЛ
  • Активен до 11.04.2021
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Охрид

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [email protected]

објавува ОГЛАС за следната работна позиција:

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА во ОХРИД

Датум на објава:

1 Април 2021

Рок за пријавување до

8 Април 2021

Број на оглас:

О-210401-МЗ-АП

Дивизија:

МАРС

Регион:

ОХРИД

Работни задачи:

  • Директна и индиректна продажба и маркетинг со почитување и спроведување на стандарди и процедури за работа на Алма-М,
  • Грижа за производи и купувачи за даден регион по стандарди на Алма-М,
  • Следење и известување за активности на пазар,
  • Грижа за наплата на побарувања,
  • Градење тимски дух и решавање проблеми во интерес на работењето,
  • и други работи по опис на работно место.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување,
  • Организиран/а и аналитичен/а,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Познавање и работа со компјутери (MS Office пакет),
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,
  • Познавање на назначениот регион,
  • Пожелно е познавање на англиски јазик.

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство не е потребно.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [email protected] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.