За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат...
повеќе за компанијата »ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас CО2 .Во рамките на нашето ширење и развој, бараме мотивиран и целенасочен комерцијалист чија главна задача ќе биде пронаоѓање и аквизација на нови клиенти.За таа цел , објавува оглас за следнава работна позиција:
Комерцијалист (Продажба)
Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност, професионален раст и долгорочна кариера, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.
Потребни квалификации:
- Диплома од соодветен факултет или високо образование во областа на економија, маркетинг, бизнис администрација или квалификации во области како инжењерство, хемија или други технички науки
- Искуство во продажба или маркетинг, посебно во индустрии кои користат CO2, како на пример прехрамбена, медицинска или индустрија за пијалоци и индустрија за гасови..
- Задолжително добро познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност),
- Познавање на ексел, високо ниво
- Пишување и одговарање на меилови, високо ниво
- Одлично познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации,
- Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач)
Работни обврски:
- Секојдневна комуникација со клиенти (купувачи), онлајн преку различни медиуми
- Планирање и организирање на продажни активности,
- Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата,
- Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти,
- Прием на нарачки и следење на реализацијата на нарачката,
- Способност за самостојно работење и како дел од тим.
- Изработка на потребна документација.
- Поднесување документи до државни институции,
- Способност за одговорно и ефикасно извршување на задачите.
- Етика и интегритет во работата.
Вештини и способности:
- Одлични комуникациски вештини, како писмено, така и усно.
- Способност за изградба на доверба и однос со клиентите
- Способност за преговарање на цени, услови и други аспекти на договорите со клиентите.
- Добро разбирање на процесите за производство и употреба на CO2
- Способност за анализа на пазарните потреби и конкуренцијата во областа на продажбата на CO2.
- Разбирање на техничките аспекти на CO2 и неговата употреба, вклучувајќи ги безбедноста и регулативните аспекти.
- Добра организациска способност за планирање на работата и управување со времето.
- Способност за запазување на рокови и остварување на резултати
- Позитивен став, лојалност, транспарентност, и темелност
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи,
- Флексибилност за работа на терен,
- Динамичност, иницијативност и насоченост кон резултати,
Компанијата нуди:
- Атрактивни редовни месечни примања и додатоци на плата согласно важечки законски прописи во државата( висината на плата ќе зависи од предходното стекнато искуство во работа од областа во продажни системи)
- Разновидна, интересна и динамична работа,
- Можност за надоградба на професионален план,
- Одлични услови за работа во тим.
- Можност за соработка со европски и интернационални клиенти и соработници
- Работен однос на определено работно време по договор, од 1 до 3 месеци ( период на докажување на способности) со можност за продолжување.
Сите апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Испратете го Ваашето (CV) кратка биографија на: hr@geogas.mk
Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.
Напомена: Доколку не сте согласни со тоа, можете да ја повлечете во секое време согласноста за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »