Заменик Технички Раководител на лабораторија за калибрациј

За компанијата: Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане... повеќе за компанијата »

Клучни работни обврски:

  • Го менува Техничкиот раководител на АМСМ Услуги-Лабораторија за калибрација во негово отсуство
  • Изготвува упатства за работа врз база на деловниот процес
  • Се грижи за почитување на заштитата на доверливите информации дефинирана во ISO/IEC 17025
  • Води сметка за примена на законските прописи и други акти
  • Спроведува интерни проверки според ISO стандародот
  • Преставување, застапување и промоција на правното лице пред потенцијални купувачи
  • Се грижи за правилно функционирање на мерната опрема според годишен план за одржување на опремата дефиниран во ISO/IEC 17025
  • Подготовка и операционализација на годишна план за стручно усовршување на вработените
  • Одржување на квалитетот на калибрацијата
  • Одговорен за планирање на калибрацијата од целиот опсег на акредитација и вршење на калибрирање од опсегот на акредитација за кој е компетентен
  • Пресметка на мерна неодреденост од опсегот на акредитација за кој е компетентен
  • Потпишување/издавање на Сертификати за калибрација од опсегот на акредитација согласно Одлука за овластени потписници донесена од страна на Управителот

 

Потребни квалификации:

  • Дипломиран Машински инженер или Дипломиран Електро насока
  • Напредно познавање на MS Office
  • Напредно познавање на Англиски јазик
  • Претходно работно искуство во иста или слична област се смета за предност

 

Способности и потребни професионални вештини:

  • Менаџерски вештини
  • Координирачки вештини
  • Продажни вештини
  • Почитување на крајни рокови
  • Конструктивно решавање на конфликти

 

Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик во електронска форма да ни ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака РАБОТА – Заменик Технички раководител на лабораторија за калибрација, најдоцна до 04 март 2019.

 

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »