Микробиолог

За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. повеќе за компанијата »

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:

Микробиолог во Контрола на квалитет – 1 извршител

Потребни квалификации:

  • ВСС (додипломски/постдипломски студии) со специјализација во областа на микробиологија/биохемија со физиологија 
  • Изготвува процедури и мерки за безбедност и заштита при работа во микробиолошката и физичко хемиската лабораторија и го мониторира однесувањето на останатите вработени во лабораторијата во однос на мерките за безбедност и заштита при извршувањето на нивните секојдневни активности, особено за можниот био-хазард
  • Ја организира работата во лабораторијата во однос на навремено и точно извршување на микробиолошките анализи  на узорцираните примероци од суровини, полупроизводи, готови производи, развојни проби и примероци поставени за следење на стабилност
  • Ја организира работата во лабораторијата во однос на навремено и точно извршување на микробиолошките анализи за мониторирање на просторните услови во чистите соби во фабриката и анализите за определување контаминенти во суровините и производите
  • Квалитативно и квантитативно ги определува контаминентите како што се пестициди, тешки метали, микотоксини, органски растворувачи и ги одобрува добиените резултати пред да бидат внесени во сертификатите од анализа
  • Ги проверува добиените резултати наспроти пропишаните спецификации за квалитет и лимити на прифатливост
  • Квалитативно и квантитативно ги определува микроорганизмите присутни во примероците и дава прогноза за нивна можна неусогласеност со спецификацијата
  • Учествува во истражување на добиени резултати, кои се надвор од пропишаната спецификација (ООС) и препорачува корективни мерки
  • Се грижи опремата во лабораторијата за безбедност да биде редовно калибрирана, квалифицирана и одржувана
  • Идентификува проблеми, кои се јавуваат кај лабораториските инструменти / опрема
  • Изработува план за набавка на реагенси, референтни стандарди, референтни соеви, биолошки индикатори и друг потрошен материјал, потребни за континуирано извршување на активностите во лабораторијата за безбедност

 

 При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција проследен со тестирања и интервјуа.

Писмото за мотивација и кратката биографија со фотографија, да се достават на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Огласот трае 15 (петнаесет) работни дена од денот на неговото објавување.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »