Нотарската канцеларија на Нотар Андријана Ѓорѓеска има потреба од двајца вработени.
За првото работно место, кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
- да биде дипломиран правник со положен правосуден испит и 5 години работно искуство во правни работи по положениот правосуден испит (кандидатите со положен нотарски испит и со работно искуство во областа на нотаријатот ќе имаат предност)
За второто рботно место, кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:
- работно искуство во областа на нотаријатот од најмалку 2 години и солидно познавање на нотарската работа (за ова работно место потребно е да се има знаење од областа на нотаријатот, а не е потребно да се има факултетска диплома од областа на правните науки)
Сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови да испратат CV најдоцна до 09.02.2019 година на следната е-маил адреса: an_gjorgjeska@hotmail.com или да се јават на контакт телефон 076440014.