
За компанијата: Компанијата Адријус доо е формирана во 1992 година, на почетокот како фамилијарен бизнис со двајца вработени, која што постепено со годините кои изминуваат нараснува во водечка компанија во трговијата....
повеќе за компанијата »АДРИЈУС ДОО ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА СЛЕДНАТА РАБОТА :
Позиција: Комерцијалисти за Тетово и Скопје.
Датум на објава: 24.08.2023
Рок за пријава до: 06.09.2023
Сектор: Продажба
Регион: Скопје.
Работни задачи:
- Дирекна продажба и маркетинг со почитување и спроведување на стандарди и процедури за работа на АДРИЈУС ДОО,
- Грижа за производи по стандарди на компанијата,
- Грижа за купувачи на дадениот регион,
- Следење и известување за активности на пазарот,
- Грижа за наплата на побарувања,
- Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работењето,
- и други работи по опис на работно место.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование
- Флексибилност за работа на терен
- Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти
- Професионално однесување
- Организиран/а и аналитичен/а
- Мотивирана и стабилна личност
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Позитивен однос кон промени
- Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет)
- Поседување возачка дозвола Б – категорија
- Познавање на назначениот регион
- Пожелно е познавање на англиски јазик
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] Контакт тел.076/314-404
Слични огласи »