Хаусмајстор за одржување

  • Објавен на 8.2021
  • AIM MANAGEMENT DOOEL Skopje
  • Активен до 03.09.2021
  • Позиција: Градежник и мајсторски работи
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ!

Бидете дел од нашиот тим!

Работна позиција: Хаусмајстор за одржување

АИМ МАНАГЕМЕНТ ДООЕЛ Скопје

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование,
  • Општи технички познавања (електрика, водовод и секаков вид дефекти);
  • Практично познавање на електрични системи за згради и индустриски објекти;
  • Познавање на слабо-струјни електрични инсталации во згради и индустриски објекти;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Возачка дозвола Б категорија.  

Одговорности и работни задачи:

  • Дневна рутинска контрола на објектите и нивно одржување;
  • Проверка на опремата и електричните апарати во склоп на објектите;
  • Детекција на дефекти и отстранување на истите;
  • Грижа за сите апарати, машини и инсталации;

-       Редовно одржување и проверка на електричните системи во објектот;

-       Отстранување на дефекти на електричната инсталација во објектот;

-       Промена на светилки низ објектот;

-       Работа со електричен и рачен алат;

-       Води евиденција за извршените поправки и потрошениот материјал и доставува извештаи    до претпоставениот;

-       Спецификација на потребен електроматеријал за набавка;

-       Евиденција на потрошувачката на електро енергија во објектот;

-       Превземање на превентивни мерки и навремено реагирање за избегнување на дефекти и непречено одвивање на работата во објектот;

-       Поддршка во одржување на системот за ладење и греење;

-       Одржување на водоводната инсталација;

-       Браварски работи;

-       Столаро – занатски работи;

-       Извршување на други технички работни задачи  по потреба.

Конкурентска предност за работната позиција:

  • Желба за работа во средина со високи барања,
  • Одлични аналитички, комуникациски способности, способност за активно решавање на настанатите проблеми;
  • Динамичност, ефективност и ефикасност,
  • Флексибилност и адаптабилност,
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност,
  • Способност за тимска, самостојна работа и кооперативност,
  • Сериозен пристап кон зададените задачи;
  • Подготвеност за работа под притисок и кратки рокови;
  • Деловна етика, Лојалност, доверливост, чесност, професионалност.

Ние нудиме:

  • Можност да сте дел од компанија со одлична работна средина – атрактивна и динамична работа,
  • Стабилност и можност за развивање,
  • Градење на успешна кариера,
  • Можност за надградба на професионален план,
  • Одлични услови за работа,
  • Мотивирачки месечен надоместок,
  • Работно време: Полно работно време 40 часа неделно,

Ако сте заинтересирани и сакате да бидете дел од нашиот тим и ги поседувате соодветните квалификации за оваа работна позиција, Ве молиме доставете кратка биографија на македонски и англиски јазик задолжително, со назнака: ЗА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ХАУС МАЈСТОР на следната мејл адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

За дополнителни информации можете да не контактирате на тел 078/741-490.

Сите апликации ќе бидат разгледувани со максимална доверливост.

*АИМ МАНАГЕМЕНТ ДООЕЛ Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати да аплицираат без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија на македонски и англиски јазик, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АИМ МАНАГЕМЕНТ ДООЕЛ Скопје и истите да бидат зачувани во дата базата на АИМ МАНАГЕМЕНТ ДООЕЛ Скопје.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:    [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »